Перес има резервен план: Ако не го доведат Мбапе, Реал ќе тргне по младата ѕвезда на Баерн

Следното лето се очекува Реал Мадрид во своите редови да го донесе Килијан Мбапе од ПСЖ, трансфер кој беше најавуван и изминатото лето, но не се реализира. Кралевите одлучија да го чекаат францускиот репрезентативец и да не го платат високото обесштетување кое го бараше ПСЖ.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е убеден дека ќе го ангажира Мбапе, но има и резервен план. Доколку стариот лисец на чело на Кралевите сепак не успее да дојде до потисот на Мбапе, Реал ќе се насочи кон младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусијала. Тој од поодамна е следен од Кралевите и се гледа како идеална замена за Мбапе, а дополнително е голем пријател со Џуд Белингам, па планот е да се искористи и нивното пријателство за да го убедат да дојде на „Сантијаго Бернабе“.

Неговата моментална вредност е 110 милиони евра, а се најавува интерес и од Манчестер сити, па токму затоа Белингам треба да одигра клучна улога во овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести