Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, планира наскоро да седне на маса со тренерот Карло Анчелоти, а единствена тема на разговор ќе биде нов договор за Италијанецот.
Договорот на Анчелоти истекува на крајот од сезоната, а речиси сите еминентни спортски медиуми објавија дека Италијанецот постигнал договор од идното лето да седне на селекторското столче на бразилската репрезентација и да ги води Кариоките на Светското првенство 2026 година.
Но, Перес се надева дека ќе успее да го убеди Анчелоти да остане барем уште една сезона на клупата на Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, главен адут на Перес во преговорите се младите фудбалери на Реал Мадрид кои го обожуваат Анчелоти и сакаат тој да остане подолго на клупата.