Перес ќе предизвикува земјотреси идното лето

Реал Мадрид за првпат по 40 години мируваше во еден летен преоден рок, а тоа подразбира дека Флорентино Перес планира да го здрма фудбалскиот свет идната година. Се отстрани вишокот од екипата на Зинедин Зидан, а планираните средства за трансфери се чуваат за идното лето, за купување на моментално двајцата најперспективни играчи.

Перес дефинитивно во 2021 година ќе донесе нов галактико на „Сантијаго Бернабеу“, а изборот ќе биде меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Младите ѕвезди на ПСЖ и Борусија Д. се први на списокот на претседателот на Кралевите, а едно лудо сценарио вели дека и двајцата може да завршат во шпанската престолнина.

Наводно, Реал догодина ќе располага со големи финансиа за трансфер-пазарот, па за Мбапе и Халанд се предвидени повеќе од 250 милиони евра. Околу 100 милиони евра би требало да чини потписот на норвешкиот гоглетер, додека пак повеќе од 150 милиони евра ќе се издвојуваат за експлозивниот француски офанзивец.

Нема сомнежи дека Кралевите ќе изгледаат застрашувачки со Мбапе и Халанд во нападот, па нема да биде изненадување доколку во блиска иднина се случи нова доминација на Реал на европската сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести