Главниот град на Шпанија, Мадрид, следната година ќе биде домаќин на еден исклучително важен настан, со што ќе стане само четвртиот град во Европа кој бил домаќин на натпревар од американската НФЛ лига.
– „Доаѓањето на НФЛ на ‘Сантијаго Бернабе’ е важен настан за нашата спортска историја. Оваа стратешка соработка на двата бренда на глобално ниво ќе биде поздравена од луѓето на сите континенти.“ – рече претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес.
НФЛ првпат на европско тло се играше во 2007-мата година во Лодон, а од тогаш до сега таму се одиграа вкупно 36 натпревари. Домаќини беа и Минхен и Франкфурт. Надвор од САД, НФЛ лигата се играше и на стадионот Ацтека во Мексико сити, а годинава за првпат ќе се игра и во Бразил.