Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, откри дека цело лето Кралскиот клуб бил фокусиран за да го доведе Пол Погба од Манчестер јунајтед, но на крајот мисијата беше неуспешна. Првиот човек на Реал објасни зошто било невозможно да се купи Погба и употреби еден пример во кој го вклучи и Роберт Левандовски.
„Таквите играчи едноставно не се продаваат. Со години се обидувавме да го доведеме Левандовски, но не успеавме бидејќи Баерн Минхен нема поставено откупна клаузула. Едноставно, тие не сакаат да го продадат и затоа е невозможно да го купите. Таков е случајот и со Погба. Кога некои играчи се слободни за продажба, тогаш одиме да ги купиме“, објасни Перес, кој се надева дека во оваа сезона кај тимот ќе се врати победничкиот менталитет и ќе се заборави минатата сезона, која ја оцени како катастрофална.