Се огласи и првиот човек на Реал Мадрид по успехот на Кралевите со освоената 34-та титула во Ла Лига. Флорентино Перес со една изјава ги разочара, но и ги возбуди најавувајќи бомбастичен трансфер за во иднина.
„Ова остварување посебно ќе се запише во историјата на клубот, сите напорно работеа да ја освојат титулата, а Зидан е архитектот зад овој успешен проект. Многу ја посакувавме титулата и среќни сме што успеавме да ја освоиме, на овој тим не му се потребни големи засилувања ова лето бидејќи веќе има огромен квалитет. Килијан Мбапе ќе го чекаме бидејќи не можам да им заповедам на играчите да прифатат намалување на платите во оваа ситуација за да комплетираме еден скап трансфер“, изјави претседателот на Реал.
Младата ѕвезда на ПСЖ долго време се поврзува со преселба на „Сантијаго Бернабеу“ и во него гледаат идеален наследник на Кристијано Роналдо, кој веќе две години не го брани белиот дрес, туку оној на Јувентус.