Лука Модриќ од 2012 година е во Реал Мадрид, а неговиот договор истекува во јуни 2025 година. Капитенот на хрватската репрезентација изрази желба да остане во Реал и следната сезона, што е тешко веројатно барем според политиката на клубот во последните неколку децении.
Модриќ веќе има 39 години и со тоа веќе сруши неколку клупски рекорди според старосната граница за настап, а сега сака да остане и следната сезона. Оваа сезона Модриќ игра во ритамот стартер-клупа, но неговиот продонес е сосема за клубот.
Од јануари 2025 година Модриќ може да преговара и со други клубови, но тој јасно кажа дека Реал Мадрид е неговиот фокус. Според најавите од Шпанија, Модриќ добил услов од претседателот на клубот Флорентино Перес за тоа што треба да направи за да добие нов договор.
Од Модриќ наводно било побарано да го повтори ефектот од минатата сезона, кога беше незадржлив, ги излудуваше противниците, а Реал стигна до титулите во шпанското првенство и во Лигата на шампионите.
Од минатата сезона во Реал сега ги нема искусните Тони Крос и Начо Фернандес, повреден е Дани Карвахал, па едноставно Модриќ е останат единствен од постарата генерација која ги држеше „конците“ на Кралскиот клуб.
Реал Мадрид е во ситуација да биде лидер во домашното првенство, а во Лигата на шампионите изненадувачки игра лошо и има само две победи и дури три порази во пет меча.