10.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Перес се активираше: Подготвено е првото летно засилување, а на две ѕвезди ќе им каже „збогум“

Реал Мадрид ја загуби битката за трофеите во Купот на Шпанија и Суперкупот, но останува да се бори за пехарите во шпанското првенство и Лига на шампиони. Сепак, фактот дека Реал веќе загуби два од четирите можни пехари беше доволен аларм за претседателот на Кралевите, Флорентино Перес да се активира во потрага за нови засилувања.

Најавите се дека Реал во летниот преоден рок треба да донесе квалитетен фудбалер во дефанзивната стоперска позиција. Како прва опција се споменува Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд.

Шлотербек е одличен и докажан дефанзивец па нема да биде чудно ако Реал Мадрид реши да плати меѓу 40 и 50 милиони евра за негово доведување на „Сантијаго Бернабеу“.

Шпекулациите велат дека Перес на крајот од сезоната ќе се откаже од двајца искусни дефанзивци Давид Алаба и Антонио Ридигер и дека токму Шлотербек заедно со Дин Хејсен треба да бидат бедемот пред голот на мадридскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести