Перес влета во соблекувалната и ѝ порача на ѕвездата дека мора да потпише нов договор

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, пријатно ги изненади своите фудбалери по големата победа на Ел Класико над Барселона од 3:2, се симна во соблекувалната и лично им честита на играчите.

Перес исто како и по победата на Реал над Манчестер сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите, се симна во соблекувалната и лично им честита на сите играчи.

 

Овојпат Перес додека им честиташе на играчите, најмногу се задржа кај Лукас Васкес. Тој му рече на Васкес дека одиграл одличен натпревар и бил најдобар играч на теренот и дека мора да потпише нов договор.

Договорот на Васкес завршува на крајот од сезоната и Перес сака фудбалерот да потпише нов договор.

- Оглас -

Најнови вести