Перес подготвува изненадување, првото летно засилување на Реал нема да биде Мбапе

Навивачите на Реал Мадрид со нетрпение очекуваат на крајот од сезоната да ја прочитаат веста дека Килијан Мбапе ќе го облече дресот на Кралскиот клуб. На Мбапе летово му истекува договорот со Пари Сен Жермен и како слободен играч може да го одбере неговиот следен клуб.

Според пишувањата, претседателот на Реал, Флорентино Перес, сепак подготвува изненадување и првото летно засилување нема да биде Мбапе. Се работи за Фабијан Руиз, 25-годишниот играч за врска на Наполи.

Шпанецот има одлична сезона во Наполи и досега има шест гола и три асистенции, а со неговото доаѓање ќе се засили средниот ред, каде што со години царуваат Крос, Модриќ и Касемиро.

Руиз кариерата ја започна во Бетис, потоа кратко играше во Елче, а од 2018 година е во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести