Перес: Реал никогаш не би играл лигашки меч во САД

Реал Мадрид застана на страната на Шпанската фудбалска федерација во спорот со Ла Лига околу тоа дали треба официјални мечеви од Примера да се играат во САД. Од Лигата дозволуваат, а Федерацијата се спротивставува.

Според најавите, во јануари, во Мајами, Жирона треба да биде домаќин на Барселона.

Имаше шпекулации дека на територијата на САД може да има и официјално Класико помеѓу Реал и Барса, но тоа засега е неизводливо.

„Нема да играме во САД. Не знам чии интереси се бранат со таква одлука. Сигурно дека не е во интерес на клубовите и на навивачите. Цврсто стојам зад ставот дека никогаш нема да прифатиме такво нешто“, рече првиот човек на Реал, Флорентино Перес, за време на Собранието на клубот, каде што имаше помалку од 1.000 делегати.

- Оглас -

Најнови вести