Перфектна асистенција на Алиоски за херојска победа на Лидс против Манчестер сити (Видео)

Стјуарт Далас со два гола му донесе сензационална победа на Лидс на гостувањето кај Манчестер сити од 2-1. При вториот решавачки гол, асистент беше Езџан Алиоски.

Сити губеше на полувреме со 0-1, и сега има само една победа на последните 14 премиерлигашки дуели на кои губеле на пауза. Цело второ полувреме Граѓаните имаа човек повеќе, напаѓаа, редеа шанси, изедначија преку Феран Торес, но во финишот кога сите карти ги ставија на напад, Далас од контра им даде гол за голем триумф на Лидс.

Гвардиола тактизираше со почетниот состав, многу ѕвезди остави на клупа и со пораз плати за коцкањето. Сити има 450 гола на 184 меча со Гвардиола на клупа. За Лидс кој уште нема нерешен резултат на гостувањата, ова е прва победа во премиерлигашки меч кој се играл од 13.30 часот.

Погледнете ја асистенцијата на нашиот Џани и голот за јуначки три бода:

- Оглас -

Најнови вести