21.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Перфекција! О’Саливен на 50-годишна возраст дојде до два максимални брејка од 147 поени на ист меч (Видео)

Најдобриот снукер играч во историјата на овој спорт, Рони О’Саливен, и на 50-годишна возраст продолжува да испишува историја. Тој на полуфиналниот меч од Мастерсот во Саудиска Арабија славеше над Крис Вакелин со 6-3, но тоа го направи со два перфектни брејка од по 147 поени.

О’Саливен цели седум години немаше перфектен брејк, а сега тоа го направи двапати на ист меч, во рок од два часа. Англичанецот со тоа влезе во историјата како највозрасен снукер играч на кој му успеало да направи максимален брејк со 49 години и 253 дена.

- Оглас -

Најнови вести