Иако се ближи крајот на календарската година, а со тоа и крајот на првата полусезона во речиси сите првенства во Европа, две екипи се уште го немаат почувствувано вкусот на поразот оваа сезона, барем кога се работи за натпреварите од домашното првенство.
Се работи за екипата на ПСВ Ајндховен од Холандија и Виртус од Сан Марино. Посебно изненадувачки е ефектот на холандски ПСВ, бидејќи настапува во исклучително квалитетно првенство со Феенорд, АЗ Алкмар, Ајакс … ПСВ оваа сезона има 15 победи на исто толку натпревари во домашното првенство со фантастична гол-разлика од 52 дадени и само шест примени погодоци, но и предност од 10 поени пред второпласираниот Феенорд.
Сличен ефект има и Виртус од Сан Марино, кој победи на сите 11 натпревари од домашното првенство. Гол-разликата им е 26 дадени и само четири примени, а имаат предност од пет поени пред Ла Фиорита, која е на втората позиција.
Екипата на ПСВ Ајдховен освен што игра одлично во домашното првенство, веќе обезбеди пласман во нок-аут фазата од Лигата на шампионите, откако заедно со Арсенал успеа да ја мине групната фаза.