Јосип Периќ постигна 8 гола од девет обиди и беше вистински лидер на Еурофарм Пелистер во дуелот со Металопластика што битолчани го добија со 30:26.
Во дуелот на двата големи ривали од некогашна Југославија, вечерва како премиера од А гурпата во СЕХА-лигата македонскиот претставник беше подобар и тргна со триумф.
Голема помош Периќ имаше од Стипе Мандалиниќ, кој погоди шестпати, а добар меч одигра и Невен Стјепановиќ со пет погодоци.
Гостите од Шабац водеа по првото полувреме со 14:12, но потоа тргна фуриозната игра на битолчани. Го добија вториот дел со 18:12 и со пресврт го победија некогашниот лут ривал од првенствата на Југославија.
Вториот наш претставник, Вардар, треба да почне во СЕХА-лигата со меч против Нексе на 1 јануари.