Перишиќ го раскина договорот со Хајдук, кариерата ја продолжува во Серија А

Конечно заврши сагата помеѓу сплитски Хајдук и Иван Перишиќ. Фудбалерот кој како големо засилувања пристигна од Тотенхем, си заминува после конфликтот со Џенаро Гатузо, но екипата од Сплит нема да добие ништо од трансферот.

Синоќа најпрво се појавија информации дека трансферот на Перишиќ во Комо пропаднал, бидејќи екипите не стигнале пред полноќ да ја завршат комплетната документација, но утрово се случи пресврт. Перишиќ и Хајдук синоќа го раскинале договорот, па сега фудбалерот е слободен да бара клуб и надвор од преодниот рок, па трансферот во Комо ќе може да биде реализиран, но Хајдук нема да добие ништо.

Откупната клаузула на Перишиќ изнесуваше 200.000 евра, сума која Комо требаше да ја плати, но сега хрватската ѕвезда си заминува бесплатно во екипата која е тренирана од легендата на Барселона, Цеск Фабрегас.

- Оглас -

Најнови вести