Екипата на Баерн Минхен синоќа одработи тренинг на „Рајко Митиќ“ во Белград, додуша пред празни трибини, што е целосна спротивност на она што ќе се случи вечерва од 21 часот, кога Баварците и играчите на Црвена ѕвезда ќе истрчаат на терен.
Кутињо кога излезе од славниот тунел, прво ја допре тревата, па се прекрсти, а хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, момче кое добро ги познава навивачките прилики на балканските простори, пред тренингот на фудбалерите на Баерн им ја покажуваше северната трибина на која се сместени Делиите и им објаснуваше на соиграчите дека од таму треба да очекуваат најгласна поддршка за Ѕвезда и притисок.