Од разни агли се уште излегуваат интересни сцени од големата прослава на Хрватите по елиминацијата на Бразил на пенали и пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Катар.
Имаше еден куп видеа од терен, од трибини, од прославата низ градовите во Хрватска од реакцијата на коментаторите, а уште една снимка е хит на социјалните мрежи.
Иван Перишиќ веднаш по промашувањето на Маркињос од пенал, што беше клучно за пласман на Хрватска во полуфиналето тргна во спринт да се радува, а Лука Модриќ искористи и му се качи на грб, како да користи такси превоз.
Perišić running and carrying Modrić on backs while celebrating from soccer
Сцената е хит, а двајцата фудбалски мајстори заслужено се радуваа на уште еден голем успех на големите натпреварувања.
Коцкестите се актуелни светски вицешампиони од претходниот Мундијал во Русија и ако ја победат Аргентина утре од 20 часот ќе го повторат големиот успех.