Перишиќ само по 12 одиграни меча си заминува од Хајдук

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ го напушти сплитскиот Хајдук, и тоа само по 12 одиграни меча во клубот во којшто започна како дете. Перишиќ дојде во Хајдук како позајмен играч во вториот дел од минатата сезона и одигра осум меча, во кои постигна еден гол.

Во новата сезона тој одигра три дуела во европските квалификации и еден дуел во првенството, па потоа се случи клучното недоразбирање со тренерот Џенаро Гатузо, кој го исфрли хрватскиот репрезентативец од составот и не играше на последниот дуел против Локомотива.

„Жал ни е што се создаде атмосфера која многу негативно се одрази на клубот. Посебно ни е жал за Иван и неговото семејство, кои незаслужено претрпеа непријатности. Уште претходно се знаеше дека Иван најверојатно летово ќе го напушти клубот, но во последните неколку дена се случија недоразбирања, по кои беше направен взаемен договор за прекинување на соработката“, вели спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ.

Перишиќ е дете на Хајдук, каде што помина неколку години во младинските категории на клубот, а потоа замина во Сошо во Франција. Потоа замина во Роселаре во Белгија, па следен негов клуб беше Бриж. Потоа играше за Борусија Дортмунд, Волфсбург и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести