Перишиќ погодува само во ситуација кога Интер е во негатива од два гола (видео)

Интер надополни два гола негатива на гостувањето кај Реал Мадрид и моментално резултатот е 2-2 по 70 минути игра.

Перишиќ е човекот кој го анулираше водството на Кралевите по асистенција на Лаутаро, а Хрватот вторпат само во неколку дена погодува за израмнување на 2-2, и тоа во ситуација кога Нераѕурите губат со 2-0.

Изминатиот викенд Перишиќ го спаси Интер од пораз против Парма, така што израмни на 2-2 во судиското надополнување. Во овој случај реализираше во 68-мата минута.

https://twitter.com/wilnoticias/status/1323738404677439494

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести