Иван Перишиќ е слободен играч откако се раздели со Хајдук Сплит и сѐ уште е во интензивна потрага по клуб во којшто ќе ја продолжи кариерата. Досега најчесто се спомнуваше трансфер во некоја од италијанските екипи, се поврзуваше со Монца, Комо и Фиорентина, но Фабрицио Романо има поинаква информација.
Најголемиот стручњак за трансфери на фудбалери објави дека Перишиќ е во преговори со ПСВ, актуелниот првак, моментално водечки и оваа сезона непоразен клуб во холандското првенство. Покрај Ајакс и Феенорд, ПСВ е дел од големата тројка на холандскиот фудбал.
Иван Перишиќ има одиграно 134 натпревари во дресот на хрватската репрезентација, играше за големи клубови, како Борусија Дортмунд, Интер, Баерн Минхен и Тотенхем и освојуваше титули во италијанското и германското првенство, но и во Лигата на шампионите. Играч од ваков калибар сигурно би бил големо засилување за ПСВ Ајндховен.