Перишиќ тешко повреден, го чека долга пауза

Хрватскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Иван Перишиќ, заработи тешка повреда на тренингот на Тотенхем. Перишиќ на утринскиот тренинг се пожалил на повреда, а по направените лекарски прегледи било констатирано дека се работи за кинење на предните вкрстени лигаменти.

Тоа е пауза која бара долг период на рехабилитација, па дури се стравува дека Перишиќ нема да биде подготвен за настап во дресот на Хрватска на Европското првенство што следната година ќе биде во Германија.

„Иван Перишиќ заработи тешка повреда на тренинг на Тотенхем. Му настрадаа предните вкрстени лигаменти. Му посакуваме успешна операција и брзо закрепнување, во што не се сомневаме познавајќи ја неговата волја, работните навики и огромната желба да заигра за Хрватска на ЕП 2024. Едвај чекаме повторно да те видиме во дресот на Хрватска“, стои во соопштението од Хрватската федерација.

Паузата на Хрватот ќе биде ајмалку пет месеци, што би значело дека треба да биде подготвен за ЕП кое ќе се игра следното лето.

- Оглас -

Најнови вести