29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Перо Антиќ го става на аукција својот шампионски дрес од Фенербахче, парите за загрозените од земјотресот

Македонската кошаркарска легенда и актуелен претедател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, се вклучува во акцијата за помош на луѓето од засегнатите региони на Турција од разорниот земјотрес.

Антиќ како член на турски Фенербахче, стана европски првак, и дресот од тоа финале го става на аукција, а парите од продажбата ќе одат кај луѓето на кои им е најпотребна помош.

„Деновиве со помош на моите браќа Волкан Демирел и Мелих Махмутоглу, ќе го ставам мојот дрес од финалето на Евролигата против Олимпијакос, на аукција, и сите пари ќе одат за луѓето во Турција на кои им се најпотребни“ – објави Антиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести