Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на кошаркарската федерација, Перо Антиќ, на Инстаграм се пофали дека вечерва е во Мемфис, каде пред мечот на Гризлис со Денвер нагетс, имал средба со најдобриот играч во НБА лигата, Никола Јокиќ.
Антиќ му посакал среќа на Јокиќ вечерва и во плејофот. Неодамна Антиќ беше и во Атланта, но неговиот поранешен тим не успеа да победи кога тој го гледаше, можеби Денвер ќе има повеќе среќа и знаење.