Перо Антиќ „олеснет“ во Белград за 2.000 динари (Видео)

Перо Антиќ, кој во моментов ја извршува функцијата претседател на кошаркарската федерација на Македонија, можеби малку го загубил чувството за шутирање тројки, па во игра „еден на еден“ во Белград загуби од неговиот близок пријател Марко Кешељ, и мораше да му плати 2.000 динари, бидејќи толку беше облогот.

Кешељ кој со Перо играше во Црвена ѕвезда и Олимпијакос, на шега се пофали дека некому патот до Белград не му се исплател и дека буџетот му е намален, па го повика Антиќ почесто да оди во Белград. Кешељ погодил три тројки од пет обиди, што било подобро од билансот на Антиќ.

Некогашниот македонски репрезентативен капитен, имаше една своја друга верзија и рече дека и Кешељ нему му должи пари и објави една снимка на која Перо со висок процент на реализација ги погодува тројките.

- Оглас -

Најнови вести