На покана на неговиот поранешен НБА клуб, претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, деновиве е во посета на Атланта Хоукс.
Во главниот град на американската сојузна држава Џорџија, предводникот на македонската кошарка, имаше можност да се сретне и со дел од соиграчите со кои во минатото „делеше и добро и лошо“ како Кајл Корвер, Екпе Јудо и Богдан Богдановиќ.
Антиќ го гледаше мечот кој Атланта го загуби од Мајами после продолженија.
Освен тоа Перо беше почестен и со специјално интервју.