Перо Антиќ за „Мондо“: Сакам Србија да освои злато на Евробаскетот!

Легендарниот македонски кошаркар, и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, за српскиот портал „Мондо“, ги анализираше настапите на четирите селекции од поранешна Југославија на Евробаскетот 2022.

„Ми се допаѓа што сите наши балкански земји дојдоа со силни состави и покажуваат одлични партии. Сакам Србија да го освои златото, имаат квалитетна екипа, а освен нив, според мене тука се и Словенија и Грција. Добра кошарка игра и Литванија, секако ќе биде интересни, но иако не сакам да испадне дека наметнувам притисок, Србите треба да го освојат златото“ – вели Антиќ кој е во Бања Лука на хуманитарен настан, каде ги покажа своите вештини во играње мал фудбал.

Меѓу фаворитите според квотите на обложувалниците е и Франција, но Антиќ не ги вбројува во кандидати за титула.

„Не знам зошто, но нив би ги ставил на страна. Не ми се допаѓа нивниот начин на игра, како да го преземале американскиот менталитет. Имаат квалитетни играчи, но мечевите ги добиваат хемијата и тимската игра, не поединци. Хрватска несомнено има квалитет, но што нема резултати, значи нешто им фали, не знам како е внатре во тимот. Босанците се лудаци, ми се допаѓа што се смеат и уживаат додека играат. Се гледа дека таму има хемија, како целина се, супер е што се врати Нуркиќ“ – додава предводникот на генерацијата македонски репрезентативци кои пред 11 години беа четврти на Евробаскет, но само четири години подоцна Македонија за последен пат играше на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести