Легендарниот македонски кошаркар Перо Блажевски повторно се враќа на голема сцена во кошарката. Од денеска тој е нов тренер на тимот на Гостивар. Блажевски експресно доаѓа на местото на Александар Петровиќ, кој денеска се раздели со гостиварци.
Блажевски веднаш, уште денеска ќе го има дебито на клупата на Гостивар и тоа на гостински терен кај актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром од 18 часот. Токму Блажевски е еден од омилените играчи на навивачите на МЗТ, посебно тие постарите кои се сеќаваат како со неговите слободни фрлања, аеродромци го победија славниот Реал Мадрид пред речиси 30 години.
Освен дуелот во Аеродром, денеска во Прва кошаркарска лига ќе играат уште и Феникс – Пелистер (17 часот) и Ангели – Куманово (17:30 часот).

