Перуанец е првиот фудбалер со позитивен тест на Ковид-19 во руското првенство

Перуанската фудбалска легенда Џеферсон Фарфан е првиот играч во руското првенство што има позитивен тест на Ковид-19.

Информацијата е од таборот на неговиот клуб Локомотив Москва, а вчера на тестот за Коронавирус испадна дека Фарфан е позитивен.

Играчот што е на само пет настапи до стотка во националниот дрес на Перу бил во самоизолација од 22. март во Подмосковје, а не е познато како за заразил со Ковид-19.

Фарфан има и пневмонија, па ќе мора да мирува најмалку 14 дена во карантин, а ако се биде во најдобар ред ќе биде подготвен да го предводи нападот на Локомотив во продолжението од руското првенство.

Првичните најави се дека датумот 21 јуни е еден од опциите за рестарт на сезоната. Рускиот шампионат се прекина по 22 одиграни натпревари. Зенит е лидер на табелата со 50 бода, девет повеќе токму од актуелниот првак и тим за кој игра Фарфан, Локомотив Москва.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести