4.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Пешевски: Бевме сплотени на теренот, голема поддршка имавме од 4.000 наши верни навивачи

Еурофарм Пелистер стигна до голема победа од 25:24 над фаворизираниот ПИК Сегед во меч од седмото коло во ракометната Лига на шампиони. Битолчани на овој меч уште еднаш покажаа дека пред своите навивачи може да совладаат и ривал од светската елитна класа, па на крајот, околу 4.000 навивачи среќни си заминаа од салата „Боро Чурлевски“.

Сите играли во зелено-бел дрес кои беа на теренот го дадоа максимумот, но посебно еден од оние кои блеснаа беше Жарко Пешевски. Искусниот 34-годишен пикер беше најдобар стрелец кај Пелистер со седум голови.

Како еден од клучните елементи за победата над ПИК Сегед, Пешевски ги издвои навивачите, но и сплотеноста на ракометарите.

„Едноставно овие неколку дена живеевме за овој меч. Максимално го испочитувавме тоа што беше договорот. На теренот владееше сплотеност, бевме како едно семејство. Секако тука беа и 4.000 навивачи кои нѐ водеа и бодреа во текот на сите 60 минути“, рече Пешевски веднаш по победата над ПИК Сегед.

- Оглас -

Најнови вести