-2.2 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Пешевски: На контролите не е важен резултатот, но сакаме да се покажеме во одлично издание

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска пристигна во Винтертур, Швајцарија, каде одржа и тренинг во пресрет на утрешниот пријателски меч со Бахреин.

Дуелот со Бахреин е од 20.30 часот, потоа следува меч со Украина, а в сабота со домашната Швајцарија, со што и ќе се затвори серијата контролки пред патувањето во Данска.

„Кратко беше времето за одмор после патувањето, но максимално се подготвивме за тренингот, се надевам дека ги исполнивме барањата на селекторот. Овој турнир е составен од селекции кои ги респектираме. Бахреин е тим за почит, но ние си имаме свои планови. Резултатот не е важен, фокусот е на нашата игра, да се покажеме во одлично издание и да ги намалиме недостатоците кои сме ги имале во минатото за да бидеме подобри во иднина“, рече пикерот Жарко Пешевски.

Погледнете инсерти од тренингот на Црвено-жолтите:

- Оглас -

Најнови вести