Пешевски: Нашиот квалитет одлучи против Гвинеја, мислам дека ќе продолжиме да ја радуваме нашата публика и на следните мечеви

Еден од најискусните во македонската репрезентација, Жарко Пешевски е задоволен од победата над Гвинеја, иако признава дека не било така лесно како што се очекуваше пред мечот.

„Не беше рутински, но најважно за нас е дека на крајот победивме и ја израдувавме македонската јавност. Отворивме потешко од очекуваното, малку бевме во грч. Сепак, искуството и нашиот квалитет на крајот го решија мечот. Заслужено победивме и се пласиравме во втората фаза“, вели Пешевски.

Што се однесува до таа втора фаза, Македонија ќе игра против Катар, Австрија и Франција, а Пешевски најавува дека навивачите може да очекуваат нови радости.

„Ни следуваат одлични противници. Тоа се сериозни ривали. Сепак, со огромна наша подготвеност, и да продолжиме да се бориме во ист ритам како ддосега, мислам дека ќе продолжиме да ја радуваме публиката“, оптимист е искусниот пикер на македонската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести