Пешевски: Не се пласиравме случајно на СП, но треба да сфатиме дека веќе ги нема Кире и Столе

Жарко Пешевски е еден од поискусните во составот на Македонија, играч кој почувствувал како е и да се радува на големи натпреварувања. Пикерот вели дека мора да се преземе одговорност за овие три високи порази на СП во Полска.

„Не можам да кажам дека не сме работеле на подготовки, дека не сме добро подготвени, на овој турнир не го покажавме нашето вистинско лице, мислам дека во иднина мора да поработиме на тоа. Има атмосфера, но како нешто да се случува на теренот. Имаме многу млади играчи, мора да има поддршка од сите, ќе биде трнлив патот. Некои велат дека случајно сме се пласираме, не би рекол дека е така. Добро знаеме како поминавме, има играчи кои оставаат последна капка пот и крв, мислам дека ќе се подготвиме да го одиграме тој Президент куп како што доликува. Различно е да, нема некои играчи, но тие веќе се пензионираа, треба да сфатиме дека повеќе ги нема Кире и Столе, мора сите да преземат одговорност за во иднина да биде подобро, да не се повторуваат вакви работи“, изјави Пешевски по поразот од Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести