Еурофарм Пелистер вечерва против ГОГ Гудме оди на мегдан со тим кој има двојно повеќе победи од нив и ова е последна шанса на битолчани да фатат приклучок во битката за осминафиналето во Лигата на шампионите во ракомет.
Квотата за победа на Е. Пелистер е огромна и одлично би заработиле ако уплатите на триумф на нашиот претставник во ЛШ и тој да победи во Данска.

Македонскиот првак во септември дома беше поразен од Гудме со 28-31 и добро е што веруваат во успех на гостувањето.
„Секој меч е нова приказна, секој ривал е различен. ГОГ е супер екипа, со вонсериски млади играчи, екипата расте, победија тука во Битола иако имавме одлично отворање и водевме убедливо на почетокот на тој меч. Во Данска не одиме со бело знаме, иако играме против данскиот вицепрвак, имаме свои шанси кои треба да ги искористиме. Треба да се надминеме себеси, искуството е на наша страна и се надевам дека среќата ќе биде на наша страна“, вели Жарко Пешевски.
Пешевски е еден од ракометарите на кои може да се обложите во Sport Life и да погодите дали против Гудме ќе даде повеќе или помалку од 3,5 гола.


