23.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Пешиќ го одреди тимот на Србија за ЛОИ во Париз

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, ги избра 12-темина кошаркари кои ќе настапат на Олимписките игри во Париз.

На неговиот конечен список се најдоа следниве имиња: Алекса Аврамовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огнен Добриќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Урош Плавшиќ, Дејан Давидовац.

Четворица нема да патуваат во Париз, тоа се: Огњен Јарамаз, Алекса Раданов, Алексеј Покушевски и Душан Ристиќ.

Селекцијата на Србија својот прв натпревар во Лил го игра на 28 јули против Соединетите Американски Држави.

- Оглас -

Најнови вести