21.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Пешиќ: Не давам оставка, ова не е фудбал…

Кошаркарската репрезентација на Србија се врати во Белград, а селекторот Светислав Пешиќ се обрати пред новинарите на аеродромот „Никола Тесла“. Разочарувањето е големо откако фаворитите доживеаја елиминација уште во осминафиналето.

На прашањето за можноста за оставка, Пешиќ одговори решително:

„Јас оставка никогаш не давам. Зошто би ја давал? Дојдов тука за да го направам она што го направив. Кога никој не сакаше, јас го прифатив затоа што чувствував одговорност кон играчите. Имаме договор до крајот на септември, ќе седнеме, ќе разговараме. Јас секогаш сум тука и стојам на располагање за секоја помош. Оставки… Ова не е фудбал, ова е кошарка, и оставки не се даваат“, истакна Пешиќ.

- Оглас -

Најнови вести