Пешиќ знае кое е најопасното оружје на Канада и верува дека може да го сопре

Србија против Канада и САД на мегдан против Германија се двата полуфинални меча кои утре наутро ќе се играат на Светското кошаркарско првенство. Првиот финалист ќе биде познат по одигрување на дуелот Србија и Канада, а улогата на фаворит е за селекцијата од Северна Америка.

И покрај тоа што Канада е фаворит, селекторот на Србија, Светислав Пешиќ е оптимист дека неговата селекција може да стигне до финалето.

„Се подготвуваме против Канада, а утре ќе видиме како сме се подготвиле. Канада има фантастичен тим. Играат со четворица надворешни играчи, тоа е НБА стил. не е тоа ништо ново, но интересно е на кој начин ќе се подготвиме ние во одбраната. Најважно ќе биде колку ние ќе бидеме подготвени на нивниот напад, транзицијата и контранападите. Тие се фантастични, имаат индивидуална техника, но добри се и во одбраната. Атлетски се одлични, а најопасни се во ситуација еден на еден и во транзиција. Ќе се бориме да ја спречиме таа нивна игра. Не случајно се во полуфиналето“, вели Пешиќ.

- Оглас -

Најнови вести