Пескара го мина најдолгиот пат за погодок што ја врати во битката за опстанок (Видео)

Играчите на Пескара минаа долг пат проткаен со дури 14 непрекинати додавања меѓу себе за израмнувачки погодок на дуелот со Перуџа во финалето на плејаутот во Серија Б.

Акцијата која не ветуваше гол за домаќините во 58-мата минута ја почна Палмиеро, а потоа стрпливо играчите на Пескара изградија позиција што со гол за 1:1 ја круниса Кристијан Галано. Акцијата за израмунвачкиот погодок на домашниот тим можете да ја погледнете ОВДЕ.

Пескара и Перуџа играат финален двомеч за опстанок во Серија Б, а приказната започна вечерва на „Адријатико“, без присуство на публика. На 15 минути до крајот на мечот Пескара води со 2:1.

Реваншот ќе се игра за четири дена на „Ренато Кури“ во Перуџа, а вкупниот победник од двомечот ќе игра во Серија Б и следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести