Песна ќе му биде на Наполи – Лозано потпиша договор до 2024 година

Хирвинг Лозано е следниот играч по Елиф Елмас што потпиша договор со Наполи, а и двајцата се своевидни рекордери според висината на трансферите.

Елмас со 19 милиони евра е рекордер во македонски услови, а Мексиканецот со денешниот потпис на петгодишен договор со Наполи го урна рекордот на ПСВ Ајндховен.

Холандскиот клуб инкасираше 50 милиони евра, најмногу од продажба на играч во клупската историја. Досега рекордер беше Мемфис Депај со 34 милиони евра што Манчестер јунајтед му ги плати на ПСВ.

Лозано веќе тренираше со новите соиграчи на попладневниот тренинг, а доаѓа по блескава сезона во холандското првенство. Лани постигна 17 голови и беше четврти стрелец во Ередивизија, а имаше и 8 асистенции, што е одличен учинок за млад играч на возраст од 24 години.

 

- Оглас -

Најнови вести