1.8 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Пет атрактивни дуели прават уште поатрактивен вкупен коефициент

Денешните Квоти на ден носат одличен вкупен коефициент од 48.46, доколку решите да ги одиграте на еден тикет.

Твенте е домаќин на Херенвен и тука треба да се очекуваат погодоци во гостинската мрежа. За играта Т11+I&1+II квотата е точно 2.

Галатасарај и Фенербахче ќе играат дерби без многу големо значење затоа што Галатасарај беше ја обезбеди шампионската титула, а Фенер треба да заврши на второто место на табелата. Играта за овој меч е 1Х&2-4 што носи квота од 2.15.

Во Белгија се игра интересен дуел меѓу Унион и Бриж, а тука се очекува триумф на домаќините. За победа на Унион во меч на кој ќе има барем по еден гол во двете полувремиња, квотата е 2.45.

Рома е домаќин на Специја и Волчицата не треба да загуби, а во првото полувреме треба да падне најмалку еден погодок за квотата од 2 да биде добитна.

Удинезе и Јувентус играат дуел на кој на гостите бодовите им се попотребни. Старата дама да не загуби, а двете екипи да се радуваат на гол е комбинација која носи квота од 2.30.

- Оглас -

Најнови вести