Пет атрактивни меча од пет различни земји кои се фудбалски велесили

1701 Ница – Рен (21 ч.)

Ница заедно со ПСЖ се единствените два тима кои сезонава немаат ниту еден пораз на свој терен сезонава во првенството. Ница има четири победи и три ремија, а сега за ривал го имаат Рен, кој е очаен на гостински терен само со едно реми и дури шест порази.

Традицијата вели дека на последите седум дуели на овие два клуба секогаш имало меѓу два и три гола.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.75)

 

3611 Јувентус – Милан (20 ч.)

Полуфинале во Суперкупот на Италија, меч кој се игра во Саудиска Арабија. Јувентус е во низа од 14 меча без пораз во сите натпреварувања, додека Милан има само еден пораз во последните 12 натпревари што ги одигра.

Традицијата кога играат овие два големи ривали дека на седум од последните осум дуели имало не повеќе од два гола (дури петпати максимум со еден гол).

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.17)

 

1301 Валенсија – Реал Мадрид (21 ч.)

Нема дилеми дека Реал Мадрид е голем фаворит за победа. Валенсија сезонава игра очајно и само со 12 бода е на претпоследното место на табелата. Кралскиот клуб и со бод ќе биде на првото место на табелата, но секако дека гостите ќе атакуваат на трите бода.

Многу често гостувањето на Реал во Валенсија е тензично, домашните навивачи прават жестока атмосфера, но, сепак, квалитетот е на страната на гигантот од Мадрид.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1538 Насионал – Порто (19 ч.)

Порто е во жестока борба со големите ривали Спортинг и Бенфика за првото место на табелата. Токму затоа Порто не смее да си дозволува киксови на гостување како ова кај Насионал, ривал кој досега освои само 13 бода и има само еден повеќе од последнопласираната екипа на табелата, Ароука.

Порто против овој ривал има единаесет победи по ред и таа низа треба да продолжи.

Предлог тип: 2-2&2-4 (2.90)

 

1952 Ризеспор – Бешикташ (18 ч.)

Бешикташ е далеку од врвот и нема никакви шанси да се бори за титулата. За Ризеспор главен фокус ќе биде да обезбеди опстанок, па ако остане непоразен на овој дуел, ќе биде успех за нив.

На четири од последните пет меѓусебни дуели имало 4+ голови, а ако се погледнат резултатите од последните 10 средби, има и резултати како 6:0, односно 7:2.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести