15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Пет дерби-дуели во Куповите ширум Европа

1323 Севилја – Барселона (21 ч.)

Барселона со многу проблеми патува на ова тешко гостување. Поради разни повреди, гостите нема да може да сметаат на Брајтвајт, Кутињо, Дест, Фати, Пике, Пјаниќ и Роберто. И Севилја нема да биде комплетна затоа што ќе недостасуваат Акуња, Окампос и Оскар.

Севилја е во одлична форма и во последните два месеца одигра 17 средби, во кои се радуваше дури 14 пати, двапати одигра нерешено и само еднаш загуби. Барселона повеќе од два месеци нема пораз во дуел во 90 минути, а дуелите со Севилја секогаш биле возбудливи.

Се работи за две екипи кои негуваат офанзивен фудбал и треба да има погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.16)

 

3650 Аталанта – Наполи (20:45 ч.)

Првиот меч во Неапол заврши без голови, па Аталанта сега е во улога на фаворит. Тимот од Бергамо има само еден пораз во последните 17 средби во сите натпреварувања, додека Наполи трипати загуби на последните шест средби. Тренерот на гостите, Џенаро Гатузо, е под притисок дека мора да избори место во финалето на Купот инаку може да добие и отказ.

Кога се работи за куп-дуел, тука секогаш има повеќе калкулации, но факт е дека вечерва мора да има победник, макар тоа било и по завршување на регуларните 90 минути.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.01)

 

2883 Галатасарај – Аланијаспор (18:45 ч.)

Со пет победи во последните пет средби, Галатасарај верува дека нема да има проблем против Аланијаспор. Сепак, ако се погледнат резултатите од последните четири меѓусебни средби, Аланија има три победи. На дури 11 од последните 12 меѓусебни дуели имало најмалку два погодоци, што треба да е најава за погодоци и интересно четвртфинале од Купот на Турција.

Предлог тип: 1+I& 3+ (1.97)

 

1557 Брага – Порто (21:15 ч.)

Победникот ќе обезбеди место во финалето на Купот во Португалија. Двете екипи се во добра серија и по пет средби немаат пораз. Само пред два дена играа на истиот овој терен и дуелот заврши 2:2. Тогаш Порто водеше со 2:0 до 87-мата минута, но Брага не се предаде и со два погодоци во завршницата се спаси од пораз.

Последните 15 средби на овие екипи секогаш имале погодоци, па така треба да биде и сега.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.02)

 

2866 Ајакс – ПСВ Ајндховен (20 ч.)

Едно од најголемите дерби-дуели во Холандија се игра во четвртфиналето на Купот. Ајакс бележи одлични резултати и има девет победи и две нерешени во последните 11 меча. ПСВ игра солидно, но ако Ајакс е ривалот, тогаш тимот од Ајндховен нема радост на последните пет дуели.

Последен пат играа точно пред еден месец на „Амстердам арената“ и беше многу интересно, а на крајот заврши 2:2.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести