13.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Пет екипи од несудените учесници во европската Суперлига се дел од ова коло на Спортска прогноза

Мобилниот телефон „ајфон 11“ уште го чека својот нов сопственик, а секој од играчите на Спортска прогноза има шанса да атакува на овој вреден подарок од Sport Life. Ваше е само да ги дадете вашите прогнози за 13-те понудени двојки за ова 33-то коло на бесплатната игра.

Во ова коло на понудата има дури пет од 12-те екипи кои најавија дека ќе бидат дел од несудената Суперлига на богатите. Челзи го очекува гостување кај градскиот ривал Вест хем, дуел на две екипи кои имаат по 55 бодови и се во борба за место кое води во Лигата на шампионите.

Манчестер сити и Тотенхем ќе играат во финалето на Лига купот, а над 80 отсто веруваат дека Граѓаните ќе победат, и тоа по 90 минути игра. Лидс на Езџан Алиоски ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед, а Милан го чека дерби во Рим на „Олимпико“ против Лацио.

За освојување на „ајфон 11“ потребно е да имате Среќна 13-ка, односно да ги погодите сите 13 фиксови на понудените мечеви. За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11 погодоци вредносниот ваучер е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести