3.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Пет екипи се во игра за потписот на Кристијано Роналдо по нарушените односи со Арапите

Кристијано Роналдо е во конфликт со раководството на Ал-Наср, но и со челниците на Инвестицискиот фонд кој е сопственик на четирите најголеми клубови во Саудиска Арабија.

Португалецот не настапи на два меча, а ги бојкотираше и тренинзите, лут поради трансферот на Карим Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал.

Тоа ги отвори шпекулациите дека Кристијано Роналдо ќе го прекине договорот со Ал-Наср и ќе ја напушти Саудиска Арабија, а веќе се споменуваат пет опции како можна дестинација.

На прво место, воедно и најромантична, е враќање во неговиот матичен клуб, Спортинг Лисабон.

Втората опција е Комо, кој игра одличен фудбал во италијанската Серија А, а од каде најавуваат дека го посакуваат Португалецот во своите редови.

Опција е и останување во Саудиска Арабија и потпис за Ал-Хилал или некоја друга екипа.

Четвртата варијанта за Португалецот е трансфер во МЛС лигата и потпис за Интер Мајами. Тоа би ја остварило и маркетиншката цел на Дејвид Бекам, да ги спои во иста екипа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Како петта опција, но и најмалку веројатна, е враќање во Манчестер јунајтед.

Сепак, Португалецот има клаузула во договорот со Ал-Наср од 50 милиони евра за предвремен прекин на договоро кој е со важност до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести