Пет европски гиганти се дел од Квоти на ден, а вкупниот коефициент е одличен

По еден меч од петте најсилни лиги во Европа се дел од денешните Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 45.73.

Ливерпул да не загуби на гости кај Брајтон во меч на кој во првото полувреме нема да има повеќе од еден гол е со квота од 2.20.

Милан и Торино треба да одиграат дуел на кој во првиот дел нема да има повеќе од еден погодок, а во вторите 45 минути треба да бидат постигнати од еден до три погодоци, комбинација која се вреднува со точно два коефициент.

Борусија Дортмунд треба да постигне барем еден погодок против Хамбургер, а да има повеќе голови во вториот дел отколку во првиот, за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.10.

Шпанската пресметка меѓу Севилја и Валенсија треба да донесе погодоци во мрежите на двата тима, а најмалку еден гол да има во второто полувреме, што се вреднува со коефициент од 2.25.

ПСЖ е голем фаворит на гостувањето кај Ница, па Светците да водат на полувреме и да победат на крајот во средба на која ќе има најмалку два погодоци носи квота од 2.20.

- Оглас -

Најнови вести