Пет европски реванш-дуели мерак за обложување

6750 Бодо/Глимт – Линфилд (18 ч.)

Изненадувачки делуваше резултатот од првиот меч на кој шампионот на Северна Ирска победи со 1:0. Иако Линфилд има предност од еден гол пред реваншот, првакот на Норвешка сепак важи за голем фаворит дека ќе оди понатаму.

Бодо/Глимт и во првото квалификациско коло на гости загуби со 3:1 од Клаксвик од Фарски Острови, но отиде понатаму благодарение на победата дома од 3:0. Затоа и сега може да се очекува домаќините да нападнат од првата минута.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.70)

 

6723 Гомел – Арис (20 ч.)

Грчкиот тим уште на првиот меч во Солун направи убедлива предност од 5:1 покажувајќи дека е за класа поквалитетен од овој ривал. Гомел е просечен тим од Белорусија и вечерва нема што да бара против Арис.

Предлог тип: 2-2 (1.93)

 

6724 Клаксвик – Сутјеска (20 ч.)

Шампионот на Фарски Острови, екипата на Клаксвик е пријатно изненадување летово. Овој тим за малку ќе го исфрлеше Бодо/Глимт, му недостасуваше еден погодок, а сега против Сутјеска е во подобра позиција.

Првиот меч во Подгорица заврши без голови, а ако се знае квалитетот на двете екипи, веројатно е дека и сега нема да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.67)

 

1604 Олимпијакос – Макаби Хаифа (21 ч.)

По првиот меч на овие два тима резултатот беше 1:1, со тоа што Макаби се спаси од пораз со гол во 92-рата минута. Сега Олимпијакос е домаќин и грчкиот првак е многу поискусен во вакви дуели, па едноставно победа на домаќинот е нешто што треба да биде реална ситуација на крајот од средбата.

Предлог тип: 1 (1.85) – понуда од Супер типот

 

6718 АИК Стокхолм – Ворскла (19 ч.)

Фаворитската улога е препишана на АИК, но не треба да се заборави дека првиот меч заврши со 3:2 за Ворскла. Во последно време двете екипи играат ефикасни мечеви на кои даваат, но и примаат погодоци.

Ако продолжат во ист ритам и вечерва, лесно може да се случи да има погодоци во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести