Пет натпревари кои се дел од квалификациите во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА се дел од денешната понуда во Квотите на денот и ако ги одиграте според понудените комбинации, ќе добиете вкупен коефициент од 40.37.
ЛАСК Линц е домаќин на романски ФЦСБ и тука треба да се очекува барем по еден гол на двете страни и во двете полувремиња. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.30.
П’лзењ е фаворит за победа над Хартс, а освен „кецот“ потребно е да има и најмалку по еден погодок во двете полувремиња за да биде добитна комбинацијата со вредност од 2.10.
Копенхаген е во улога на фаворит против Килманрок и домаќините треба да погодуваат во двете полувремиња, но не повеќе од трипати. Оваа комбинација е со коефициент од 1.90.
Фиорентина на свој терен игра против Пушкаш Академија, а очекувањата се дека италијанскиот тим уште во првото полувреме ќе покаже квалитет и ќе поведе, а на крајот и ќе победи во дуел на кој ќе има од два до шест погодоци. Оваа комбинација е квота точно два.
Бешикташ гостува на Лугано и се очекува турскиот гигант да не загуби во дуел на кој двата тима ќе постигнат барем по еден погодок, комбинација која е со 2.20 коефициент.