Комисијата за етика во Фудбалската федерација на Летонија суспендира петмина играчи на второлигашот Динамо Рига поради учество во местење резултат на еден натпревар.
Екипата на Динамо по првото полувреме водеше со 3-0, а на крај загуби со 3-4. Со обложувачки речник, ем „еден во два“, ем „7+ голови“.
При третиот и четвртиот гол на гостинскиот тим Тукумс, одбраната и голманот на Динамо буквално се тргнаа и правеа грешки со кои му помогнаа на противникот да победи.
Динамо по овој меч истапи од лигата. Двајца негови играчи се суспендирани со тригодишна забрана, а тројца нема да смеат да играат една година.
https://twitter.com/i/status/1710742696212512900