Петте меча од денешните Квоти на денот се од мечеви на фудбалски гиганти и ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 52.06.
Првиот предлог ја има најголемата квота која изнесува 2.50, и е за мечот меѓу Лутон и Тотенхем. Оваа квота се добива ако одиграте на сигурна победа на Тотенхем во комбинација со голови, односно се одигра 2-2 & 2+.
Интер пред своите гледачи ја пречекува Болоња и ја има фаворитската улога. Квота од 2.15 се добива ако се одигра Нераѕурите да победат и притоа да бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Манчестер јунајтед трет меч по ред го игра пред своите гледачи на „Олд трафорд“ и нема право на кикс. Црвените ѓаволи го пречекуваат Брентфорд и предлогот на Sport Life е да се одигра дека домаќинот ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и барем два гола на целиот меч. Квотата за оваа игра изнесува 2.25.
Реал Мадрид ја пречекува Осасуна и тука се знае кој е фаворитот. За играта Реал Мадрид да слави и притоа да бидат постигнати меѓу три и шест гола, квотата изнесува 2.10.
Најмлата квота е од последниот предлог и изнесува 2.05, а се однесува на натпреварот меѓу Јувентус и Торино во популарното Дерби дела Моле. Оваа квота се добива ако се одигра Јувентус да не загуби и притоа бидат постигнати меѓу два и четири гола.