Пет години беше дел од Реал Мадрид, а сега изгледа како сумо-борач, но повторно ќе игра во Шпанија

Ројстон Дренте (33), некогашниот играч на Реал Мадрид, повторно се врати да игра во Шпанија, но овојпат потпиша договор со третолигашот Расинг Мурсија. Само неколку дена претходно, Дренте прогласи личен банкрот откако поради неколку погрешни инцестиции загуби 3,5 милиони евра.

Дренте имаше бутик во Ротердам, потоа се обиде да биде и рапер, па и глумец, но во сите сфери се покажа како неуспешен. Покрај тоа, Дренте не плаќал данок и долговите му пораснаа до толку да мора да прогласи банкрот. Сега реши повторно преку фудбалот да заработи и потпиша за Мурсија, кој е негов 12-ти клуб во кариерата.

На првиот тренинг во новиот клуб, Дренте непријатно ги изненади сите со неговата недоволна физичка подготвеност. Фудбалерот кој некогаш беше одлично подготвен, сега личи на мини сумо-борач, но ќе се обиде да избори место во првиот тим на третолигашот во Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести